Покрај гуми сега Мотоцентар ќе продава и масла, лубриканти и авто козметика

ОБЈАВЕНО НА:

Познати се по продажба на гуми, но отсега Мотоцентар го шири своето портфолио на услуги и во иднина ќе продава и моторни масла, лубриканти и авто козметика од германскиот бренд Rowe.

Двете компании склучија договор за ексклузивно партнерство за дистрибуција на продуктното портфолио во Македонија. На таков начин, преку мрежата на продажно-сервисни салони “Мотоцентар“, продуктите на “ROWE“ ќе бидат поблиску и достапни до потрошувачите во државата.

„За првпат имаме масла и лубриканти во понудата. Се надеваме деќе ќе испишеме и нова страница во нашето постоење. Rowe е германски производ, масло со високи пеформанси, масло кое заслужува да го користи и Игор Стефановски – Иџе на неговиот автомобил годинава на трките, вели Горан Гроздоски, генералниот директор на Мотоцентар.

„Зошто Мотоцентар, покрај продажаба и сервисирање пневматици, има нови производи во понудата. Накратко – синергија. Видовме синергија и компатибилност во работите и услугите што ги работиме и маслата. Rowe беше можност да се работи со производител, што концепциски и филозофски ни одговара на нас. Фокус на долгорочни цени, бескомпромисен квалитет и максимална поддшка на клиентите. Таа синергија Мотоцентар ќе ја направи посилна фирма која ќе може да им овозможи на клиентите да ги добијат услугите што ги бараа на други фирми.
Едно скалило до ОНЕ СТОП СЕРВИСЕ. На едно место што повеќе услуги. Клиентите денеска имаат помалку време и нерви да трошат време на повеќе места да одат, вели Гроздоски.

Rowe е семејна компанија кaја постои од 1995 година, има околу 300 вработени лица и присутна во повеќе од 80 земји.

“ROWE нуди целосен асортиман на производи за возила, 100% направени во Германија, кои се развиени и произведени по највисоки стандарди! Со нашите моторни масла и други продукти, како масла за менувач и течности за ладење, на потрошувачите им нудиме лубриканти за нивните превозни средства, со квалитет кој до сега не беше достапен на територија на Македонија“, изјави Патрик Вајланд, Регионален Менаџер за Продажба во “ROWE“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK