Побрзо полнење со помош на ласер?

ОБЈАВЕНО НА:

Целта на работата е да се скрати досадното време во чекање на станиците за полнење. Покрај сето друго, младите често се потпираат на ласерскиот процес за кој веќе е најавент патент.

Брзото полнење е „турбото“ на електричната мобилност. Две истражувачки екипи од LaserApplikationsZentrum (LAZ) и Институтот за истражување на материјали (IMFAA) на Универзитетот во Ален, работат на проектот, финансиран од Министерството за економија (BMWi) по прашањето како можат да ја подобрат способноста за брзо полнење на литиум-јонските батерии.

Целта на работата е да се скрати досадното време во чекање на станиците за полнење. Покрај сето друго, младите често се потпираат на ласерскиот процес за кој веќе е најавент патент.
„Батеријата треба да биде што е можно помала и, сепак, да може да се складира најмногу енергија“, велат Макс-Џонатан Клијфут и Јенс Сандер, докторанти во LAZ и IMFAA од Универзитетот во Ален, кои ја истражуваат заедно оваа тема.

Доколку се притиснат електродите внатре во батеријата и бидат компресирани тогаш едноставно кажано ќе се стави повеќе електрична енергија во нив. „Сепак, тогаш ќе се соочите со следниот предизвик – батеријата веќе содржи повеќе енергија во помал волумен, но ова повеќе не успева. Тогаш има лошо полнење“.

Во потрага по одговор двајцата докторанти произведуваат цела редица на експерименти. „Користевме ласер за загрубување и перфорирање на површините на електродите во внатрешноста на батериите за да им биде овозможено на литиумските јони да се разменуваат меѓу електродите при полнење и празнење за да се подобри процесот. Студиите за можноста за брзо полнење покажуваат дека батериите третирани на овој начин можат да се полнат побрзо“, објаснува Клијфут.

„Резултатите се исклучително ветувачки“, вели проф. д-р Фолкер Кноблаух, истакнувајќи позитивен среден резултат. Тој е раководител на проектот и член на раководството на институтот на IMFAA на Универзитетот во Ален. Друг позитивен несакан ефект, кој може да се види од ласерската обработка на батериските електроди е заштеденото време во следните етапи на процесот во производссво на клетки.

„Како може да внесеме повеќе енергија во батеријата за уште пократко време“? Тоа е прашањето на кое работи со уште девет други партнери на Универзитетот во Ален, како дел од истражувачкиот проект “structur.e”.

Партнерите вклучуваат и познати компании и институти – на пример германскиот воздушен вселенски центар (DLR), Центарот за истражување на сончевата енергија и водород (ZSW) и “Trumpf Laser GmbH”. Координатор на проектот е Volkswagen Group, која во моментов смета на целосно електрична картичка за идниот развој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK