Кои се најевтините 20 града за одмор во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Главниот град на Литванија, Вилнус успеа да се најде на највисокото место на листата на најевтините градови за одмор во Европа. Оваа листа ја подготви TravelSupermarket, кој направи истражување на 50 градски дестинации преку есен и зима.

Просечната цена на пакет кој вклучува превоз, две ноќевања, три оброци во ресторан од средна класа и шише пиво во Вилнус чини нешто повеќе од 111 фунти по човек.

Зад главниот град на Литванија се наоѓа Букурешт (115,39 фунти) и Хамбург (151,98 фунти). Одмор под 180 фунти ви е можен и во Барселона, Мадрид, Валенсија и Будимпешта.

На другиот крај на листата е Дубровник. Според индексот, цената на пакетот таму е 334,52 функти по човек за две ноќевања. Следуваат Рејкјавик и Истанбул, кои чинат 293,99 и 279,01 фунти.

Сајтот ги рангира европските градови и според најевтиното пиво. Глвниот град на нашиот источен сосед, Софија котира доста високо кое чини 1,17фунти, а следува Порто со 1,39 фунти и Будимпешта со 1,43 фунти.

TravelSupermarket ги рангира и најпопуларните градови за одмор за Британците. На врвот е Амстердам, а следуват Краков, Барселона, Рим и Даблин.

РАНГ ЛИСТА НА 20. НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ЗА ОДМОР ВО ЕВРОПА

1.Вилнус: 111,23

2.Букурешт: 115,39

3.Хамбург: 151,98

4.Белфаст: 158,92

5.Торино: 161,25

6.Барселона: 167,22

7.Берлин: 169,97

8.Милано: 171,24

9.Мадрид: 173.41

10.Софија: 174,73

11.Лион: 172.40

12.Будимпешта: 175,33

13.Брисел: 179.01

14.Валенсија: 179.03

15.Болоња: 179.03

16.Краков: 179,90

17.Талин: 180,35

18.Осло: 181,83

19.Келн: 188,97

20.Прага: 189,75

Следете не и на:

24AUTO NETWORK