Патент на Ford: Безбедносни ремени кои грејат

ОБЈАВЕНО НА:

Безбедносните ремени најчесто се ладни, а тоа се чувствува многу често бидејќи се протега преку целото тело. Навиката за врзување не смее да се избегнува бидејќи ремените придонесуваат за поголаме сигурност, а и доколку ве запре полицијата казната е голема.

На таквите „маки“ им доаѓа крајот бидејќи Ford неодамна направи патент за безбедносни ремени кои загреваат. Според нацртите, електронските елементи се зашиени по целиот ремен, а почнуваат да загреваат штом ременот ќе биде врзан.

Со ова свое ново решение Ford придонесува и за удобност и за безбедност на патниците. За да можат инженерите на Ford добро да го обезбедат својот патент, понудени се и неколку различни варијации кои се наоѓаат на дури 31 страница документи.

Ford нуди и класични ремени, но и за спортски автомобили. Иако уште нема најави кога таквите ремени ќе почнат да се вградуваат во автомобилите, голема е веројатноста дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK