Париз оди чекор напред – ќе ги забрани и хибридните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Градските власти на Париз решија да ги тргнат од улиците сите возила со мотор со внатрешно согорување, најдоцна до 2040 година. Ништо спорно, ниту чудно со оглед на трендот што постои и најавите на многу земји. Но, интересно е дека одлуката на Париз се однесува на сите варијанции н амоторите со внатрешно согорување, а тоа значи и хибридните возила.

Мерката на Париз за забрана на автомобили на мотор со внатрешно согорување е доказ за побрзо наметнување на економијата и транзиција кон електрични возила. Претставник на градското собрание Кристоф Најдовски, одговорен за транспортната политика во Градското собрание на Париз, ја потврдил намерата на Париз да се спрaви со загадувањето.

“Превозот е еден од главните виновници за емисиите на јаглеродни гасови. Затоа планираме да ги запреме автомобилите со мотор со внатрешно согорување до 2030 година, изјавил Најдовски.

Во францускиот главен град, кој ќе биде домаќин на Олимпијадата во летото 2024 година, најверојатно ќе биде забрането да има дизел автомобили постари од 7 години. Париските официјални лица беа предмет на многу критики по создавање на забрани за автомобили, и парични казни за возачите кои влегуваат во центарот со автомобили над 20 години дошле до заклучок дека не мислат на “забрана” туку временска рамка во која традиционалните автомобили за фосилни горива ќе бидат отстранети.

Во Франција, со население од 66 милиони луѓе, регистрирани се 32 милиони приватни автомобили – според податоците за 2016 година. Голем дел од парижаните немаат приватни автомобили, но се потпираат на јавниот транспорт, скутерите и возилата со ниска емисија на располагање за краткорочни изнајмувања.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK