Паѓа увозот на половни возила – рекорден број на нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

Додека во светот има проблеми со испораката на чиповите што треба да се вградуваат во новите автомобили, па некои фабрики го намалуваат производството во Македонија во јули 2021 година е забележан највисок увоз на нови возила по 18 месеци. Истовремено опаѓа трендот на увоз на половни возила чија цена последниве месеци е зголемена.

Во јули годинава, според официјалните податоци на Царинската управа на Република Македонија увезени се вкупно 3.577 возила. Тоа претставува пад во однос на претходниот месец, но и во однос на претходните пет месеци. Практично, јули, по традиционално најлошиот месец јануари, е најлош оваа година.

Аналитички, во јули се увезени 628 нови автомобили што пак претставува продолжување на трендот на зголемување на увозот на нови автомобили кој започна во април. Ова е најдобра месец според увозот од декември 2019 година.

Пад е забележан кај увозот на употребувани возила. Увезени се вкупно 2.600 што е втор најлош месец годинава, но е повеќе од јули минатата година кога беа увезени 2.397 употребувани возила.

Во јули увезени се уште и 78 нови товарни моторни возила, 250 употребувани товарни моторни возила како и 21 употребуван автобус односно минибус. Од почетокот на годината до крајот на јули, увезени се вкупно 27.492 возила од кои 3.530 се нови патнички автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK