Во октомври 2021 продажбата на нови автомобили во ЕУ повторно бележи пад, четврти месец по ред годинава. Овој месец падот е 30,3 отсто, пто е најлош месец во однос на бројот на волуменот на продажбата, за месец октомври откако почна да се води статистика. Пад изразен со две бројки има на најголемите европски пазари: Италија (-35,7 отсто), Германија (-34,9), Франција (-30,7) и Шпанија (-20,5).
За првите десет месеци од 2021 година бројот новорегистрираните автомобили е зголемена за 2,2 отсто во однос на една година претходно, и вкупната бројка е 8,2 милиони. И покрај проблемите со испораките на возилата поради недостаток на чипови, најголемите пазари имаат позитивни резултати. Има позитивни бројки на три од четирите клучни пазари во ЕУ: Италија (+12,7 отсто), Шпанија (+5,6) и Франција (+3,1). Во Германија е забележан пад од 5,2 отсто за првите десет месеци во однос на истиот период лани.
Во октомври 2021 година на пазаите во ЕУ заедно со земјите од ЕФТА и Б.Британија се регистрирани 716.849 возила (за разлика од 1.024.50 лани), а за првите десет месеци бројката е 8,9 милиони возила.
„Лошиот октомври“ сепак има и позитивни бројки на некои пазари, па така во Ирска има зголемување на новорегистрираните автомобили за 16,7 отсто, а позитивни бројки има и во Кипар (+5,2 отсто) и Исланд (+6,5).
Најголем пазарен удел и натаму има Stellantis со 20,8 отсто (165.866 возила) пред VW Group со 20,7 отсто (165.308), а потоа следува Renault Group со 10,2 отсто.
На првото место од брендовите е VW со 74,027 возила, пред Peugeot со 52,706 возила и Renault со 50,982 возила.