Овој електричен пикап чини 2.000 долари и се продава преку Alibaba (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Кина останува доследна на ветувањето дека ќе произведува евтини електрични автомобили, а на пазарот неодамна се појави моделот Changli EV, електричен пикап кој чини само 2.000 долари. За работите да бидат уште поинтересни, Changli EV, освен на производителот, може да се купи и на кинескиот сајт за е-трговија, Alibaba.com, а увоз засега е можен само за САД, јавуваат светските медиуми.

Овој необичен пикап е опремен со оловни батерии кои се значително поевтини од литиумските батерии, а оние кои би сакале нивната батерија да трае подолго и да има подолг домет, може дополнително да платат за вградување на литиум-јонска батерија.

Максималната брзина што може да ја развие Changli е 45 km/h, а со едно полнење може да надмине околу 50 km. Опремен е со камери, ЛЕД осветлување, резервна гума, а монтирањето на клима е опционално. Во цената е вклучен дури и полнач од 110 V, а полнењето на батеријата трае шест до осум часа.

Покрај електричните автомобили, Changli на истокот на Кина произведува и електрични трицикли, рикши, возила за подигање контејнери и други еколошки возила, а ниската цена и квалитетот на изработка им обезбедија добра репутација на светскиот пазар, според веб-страницата на компанијата.

Но, ако мислевте дека веста е премногу добра за да биде вистинита, сте биле во право.

Changli EV не ги исполнува американските безбедносни стандарди за моторни возила, па затоа не е легално да се вози по патишта, пишува Techradar. Засега не се знае дали Changli ги исполнува безбедносните критериуми на другите земји, како и дали наскоро ќе биде можна испорака во други делови на светот.

Друга „финта“ е цената на испораката, која чини речиси исто колку и самото возило, како и цената на батеријата која се доплаќа.

Внатрешност на Changli EV

Мајк Тол, автор на порталот Electrec, нарачал Changli EV преку Alibaba од чиста љубопитност, а својот блог пишува дека вкупната цена, вклучувајќи ги и трошоците за патарина и надградба на возилото, била 7.000 долари.

Сепак, и покрај тоа што Changli не може да учествува во сообраќајот, Тол не жали што го купил. Дополнително, испорачаниот автомобил ги надмина сите негови очекувања, поради деталите како што се електричните прозорци или блутутот за пуштање музика и филмови, како и поради квалитетот на изработка. И покрај тоа што не го пропуштаат на патиштата, Тол има намера да го користи Чангли за возење надвор од патот, па вложените 7.000 евра ќе му се исплатат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK