Популарниот британски весник TheSun, повикувајќи се на податоците објавени од страна на MoneyBeach направи рангирање на најпопуларните 10 автомобили кај фудбалерите во Велика Британија.
Листата започнува со Tesla Model S на позицијата број 10. Во 2020 година е првпат овој модел се најде меѓу најпопуларните фудбалери на “Островот”. Хектор Белерин од Арсенал е еден од возачите на овој автомобил.
Следи Ferrari LaFerrari кој е произведен во само 499 примероци. Пјер Емерик Обемејанг, напаѓачот на Арсенал, и ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин поседуваат по еден ваков примерок.
На осмата позиција е Mercedes-Benz G Wagon. Многу фудбалери го одбаа овој автомобил, а меѓу нив се Месут Озил, сегашен фудбалер на Фенербахче, Рис Џејмс од Челзи, а поклон за својот 35 годишен роденден доби и Георгина Родригез од Кристијано Роналдо.
Вториот модел на Ferrari кој се најде на оваа листа е моделот 488 кој се наоѓа на седмата позиција на популарноста. Во Велика Британија овој автомобил се продава по почетна цена од 251.590 фунти, а ваков автомобил возат Оливиер Жиру од Челзи, Александре Лаказет од Арсенал, а меѓу нив е и Леандро Паредес од ПСЖ.
И Ford Mustang е популарен помеѓу фудбалерите во Премиер Лигата, а најпознат по овој автомобил е Винсент Компани, поранешниот фудбалер на Манчестер Сити. Иако е модел кој датирау ште од 2004 година, и Aston Martin DB9 е еден од најпопуларните автомобили кај фудбалерите. Се наоѓа на позицијата број 5, а овој автомобил го возат Хуан Мата, Џерард Пике…
Autobiography верзијата на Land Rover е најскапата верзија на Range Rover. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сега менаџер на “Ѓаволите”, Оле Гунар Солшер поседува ваков автомобил. Истиот може да се забележи пред тренинг центрите на многу фудбалски клубови.
Серхио Аугиеро, Ријад Марез, но и Дејвид Бекам поседуваат Bentley Bentayga Onyx. Овој автомобил го возат и ѕвездите на Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, па затоа се најде на третата позиција. На втората позиција на популарноста се наоѓа Land Rover Range Rover Sport. Хери Мегвајер, Фил Џонс, Дони Ван де Бек, Единсон Кавани се дел од фудбалерите кој поседуваат ваков автомобил.
Најпопуларен е Bentley Continental GT. Овој автомобил со децении е меѓу најпопуларните кај фудбалерите, а истиот може да се забележи кај Оливиер Жиру, Хуан мата, Матео Дармијан, Френк Лампард…
Изненадувачки е што на оваа листа нема ниту еден модел од брендовите на Lamborghini, Porsche, Audi…