Организацискиот одбор за избор на најдобриот европски автомобил за 2021 година ги објави 29-те кандидати за престижната награда.
Најмногу, четири, кандидати има од брендот на Mercedes-Benz. Номинирани се моделите GLA, GLB, GLS и S класа.
Следи Hyundai со моделите i10, i20 и Tucson. Од брендот на BMW номинирани серија 2 Gran Coupe и серија 4 Coupe. На листата се најде и Audi A3 Sportback, новиот Citroen C4, Cupra Formentor, Dacia Sandero, Fiat 500e, Ford Explorer, Ford Kuga, Honda e, Honda Jazz.
Место има и за Kia Sorento, Land Rover Defender, Mazda MX-30, Peugeot 2008, Polestar 2, SEAT Leon, Škoda Octavia, Toyota Mirai, Toyota Yaris, Volkswagen Golf и Volkswagen ID.3.
Седумте финалисти ќе бидат објавени на 8 јануарi додека победникот ќе биде прогласен на 1 март.
За потсетување, најдобар автомобил во Европа за оваа година беше избран Peugeot 208 кој освои 281 поен оставајќи ги зад себе Tesla Model 3, Porsche Taycan, Renault Clio, Ford Puma, Toyota Corolla и BMW Series 1.