За разлика во Европа каде Dacia Sandero е најевтиниот нов автомобил во повеќето земји, тој примат во САД му припаѓа на Chevrolet Spark.
Овој автомобил како нов се продава по цена од 14.395 американски долари. Приматот Spark го доби откако претходно Mitusbishi го повлече моделот Mirage кој се продаваше по цена пониска од 14 илјади долари.
Сега, по објавувањето на новата генерација, Mirage е вториот најевтин кој се продава по цена од 15.565 долари.
На листата следат Nissan Versa кој се продава по цена од 15.855 долари, Hyundai Accent кој се продава по цена од 16.390 долари и Kia Rio кој е петтиот најевтин автомобил на американскиот пазар и се продава по цена од 16.815 долари.