На сегментот Б на автомобили во Македонија отпаѓа околу 22 отсто од вкупната продажба, и тоа е еден од сегментите што секогаш „носат бројки“ за продавачите. Тојота Автоцентар во Македонија се надева дека токму со освежениот модел Yaris ќе успее да зграби дел од колачот, бидејќи има не само квалитетен производ, туку и конкурентна цена.
А цената секогаш игра важна улога. Новиот Yaris со пет врати средно ниво на опременост Terra ќе се нуди по промотивна цена од 9.990 евра. Тоа е модел со мотор 1.0 литарски со 69 КС и пет врати. Сѐ што му треба дури и на едно семејство.
Освежувањето на изгледот на Yaris доаѓа по 2011 година кога беше промовирана третата генерација на овој градски автомобил. Дена Yaris е одлично прифатен покажува и фактот што лани имаше зголемана продажба во Европа, за 6,5 отсто или искажано во бројки, плус 208.000 возила. А беа произведени над 3 милиони единици во 2016.
Дизајнот, квалитетот, перформансите и безбедноста се клучните фактори при купување на нов автомобил, а тоа се областите кои се во фокусот на програмата за подобрување моделите на Toyota. Промените во дизјанот се фокусираат на повеќе активен и динамичен изглед со зголемена префинетост.
Во Yaris сега се вградени 900 нови делови со цел подобрување на дизјанот, перформансите и безбедноста. Yaris сега се одликува со посмел надворешен изглед, со измени во предниот и заден дел на возилото кои сега му даваат подинамичен изглед. Промените се видливи и во внатрешноста на возилото, што сега изгледа помодерно о сновио тизбор на бои на седиштата, подобрувања на инструментите и контролите. Тој и натаму останува еден од најкомотните, најкомпактните и најпривлечните возила во својата класа.
Во понудатат на новиот модел ќе бидат 3 мотори, бензинските 1.0 литарски со 69 КС, и со новиот 1.5 литарски мотор со 111КС што го заменува досегашниот 1.33 VVt-i. И плус хибридниот 1.5 литарски со 100 КС e-CVT.