Opel Astra доби надградба во варијантата „Design & Tech“

ОБЈАВЕНО НА:

Новата линија за опремување „Design & Tech“ треба да ја направи Opel Astra побезбедна и постилска од кога било. Во неа се вклучени многу работи уште во основната верзија. И доколку сакате да го надградите вашиот Оpel Astra со понатамошна напредна технологија и карактеристики на инфо-забавните функции, а можете да користите и пакети за помош и технологии, специјално дизајнирани за моделите на Astra „Design & Tech“.

Однадвор седанот и караван изведбата блескаат со 16-инчни алуминиумски тркала во техничко сиво, Sports Tourer има и сребрени шини на покривот. Логото „Design & Tech“ ја прави Astra препознатлива на прв поглед како модерен додаток на семејството.

Во внатрешноста, возачот и совозачот можат да се чувствуваат удобно во удобните седишта кои се регулираат во повеќе насоки и се со црно платно и кожа. Декоративните ленти во црн пијано лак и амбиентално осветлување на влезните врати го истакнуваат елегантниот изглед.

Opel Astra „Design & Tech“ нуди бројни технолошки функции, кои го прават возењето помирно, побезбедно и поудобно. Стандардните LED фарови со автоматско вклучување на коси-долги светла, вклуќчувајќи и препознавање на движење во тунел. Сензорот за дожд напред и автомтско затемнувње на ретровизорот обезбедуваат добра видливост дури и во темно.

Поддржани од предната камера и други помошни системи, како на пример системот за предупредување од директен суди со автоматско запирање во итни случаи, асистентот за одржување во лента и прикажување на растојание, кои помагаат да се спречи претстојниот судир на задниот дел.

Во моделите „Design & Tech“ внатрешната температура може да се регулира индивидуално за возачот и патникот однапред, користејќи автоматска двозонска климатизација.

 

Малите предмети за секојдневна употреба може да се складираат на лесно достапни места на лизгачкиот централен потпирач за раце, кој во оваа линија на опрема е комбиниран со практични држачи за чаши и електрична рачна сопирачка која заштедува простор.

Astra со пет врати „Design & Tech“ се нуди од 23.780 евра, Astra Sports Tourer „Design & Tech“ од 24.880 евра во Германија.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK