Новиот Range Rover доаѓа на 26 октомври

ОБЈАВЕНО НА:

Land Rover објави дека на 26 октомври компанијата ќе претстави нов RANGE ROVER. Сега е објавено кратко видео од најавата.

Првиот тизер го прикажува профилот на Range Rover кој очекувано го прифаќа еволутивниот стилски пристап. Целокупната силуета и пропорциите изгледаат веднаш препознатливи, бидејќи со големите стакла и столбовите со црна боја создаваат ефект на пловечки покриви. Вториот тизер прикажува дел од хаубата со натписите на Range Rover, а исто така ни овозможува да видиме дел од новата решетка на која се издолжени правоаголници со заоблени рабови.

„Новиот RANGE ROVER е автомобил со неспоредлив карактер, од беспрекорнaта надворешноста до мирното засолниште на кабината“, коментира Гери Мекговерн, креативен директор на JAGUAR LAND ROVER.

Како и неговиот малку помал брат Range Rover Sport, новиот Range Rover ќе биде на платформата MLA и се очекува да биде понуден во благ-хибридни, plug-in хибридни и батериско-електрични варијанти, и се шпекулира дека ќе добие твин-турбо 4.4-литарски V8 мотор.

За нарачување Range Rover ќе може да пријавува на денот на своето деби (26 октомври). Како и неговиот претходник, моделот ќе се натпреварува во големиот луксузен SUV сегмент против BMW X7 и Mercedes-Benz GLS, додека варијантите од висока класа треба да стигнат до територијата на Bentley Bentayga.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Land Rover (@landrover)

„Со креативен интелект и желба за перфекционизам, тој не ја следи модата или трендот, туку преку модернистичка дизајнерска филозофија комбинирана со повеќе од 50 години еволуција, е чисто и едноставно најпосакуваниот Range Rover некогаш создаден“, додава Мекговерн.

Светската премиера на новиот RANGE ROVER може да се следи во живо на каналот на компанијата на YouTube

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK