Новата Skoda Octavia доаѓа во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот за автомобили закажан за во септември во Франкфурт ќе се одржи светската премиера на продукцискиот модел од новата генерација на Skoda Octavia, потврдуваат од чешкиот производител.

Новата генерација која беше најавена уште минатата година, ќе се темели на MQB платформата која е широко користена во VW Групацијата.

Засега нема официјални информации околу дефинитивниот изглед, но новата генерација на Octavia ќе биде дизајнирана согласно најновиот правец кој е применет кај моделот Scala.

За очекување е во понудата да се најдат 1.0 литарскиот три цилиндрен бензински мотор со 115КС како и 1.5 литарскиот бензинец со 150КС. Исто така четвртата генерација ќе биде достапна и со дизелски мотори со 115КС и 190КС како и plug-in хибридна изведба.

Å koda Octavia

Octavia е најрепрезентативниот модел на чешкиот производител во последните две децении. За прв пат се појавува во ноември 1996 година кога започна со производството во фабриката во Млада Болеслав. Втората генерација доаѓа во 2004 година додека актуелната за прв пат беше воведена во 2013 година.

Почетокот на продажбата е закажана за почетокот на 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK