Nissan продолжува со претставувањето на новитети. По премиерат на Frontier и Pathfinder, овој месец Nissan ќе ја претстави и новата генерација на Qashqai.
Најавата за премиерата која ќе се случи на 18 февруари, а е придружена и со кратко тизер видео кое ги открива првите екстериерни облини. Иако од видеото не може да се донесат многу заклучоци окоолу изгледот, третата генерација на Qashqai се очекува во целост да го следи дизајнот на Juke кој беше претставен минатата година.
Новата генерација се темели на унапредената CMF-C платформа. Мотористиката, цената и останатите технички карактеристики остануваат непознати.
Во производство новата генерација ќе се појави во втората половина од годинава. Засега не е потврдено каде ќе се спроведува производството, но најверојатно ќе продолжи производството во Јапонија и Кина. Под знак прашалник е производството во Англија и Русија.