Нов спор на Renault и Volkswagen – Кој е број 1 во светот?

ОБЈАВЕНО НА:

Renault-Nissan-Mitsubishi и Volkswagen Group исто како и минатата година и годинава се во спор околу тоа кој е најголемиот автомобилски производител. Во зависност од стратегиите, секој од гигантите ќе може да објави дека е број 1 во светот за 2018 година.

Што се однесува до вкупните продажби за минатата година Volkswagen Group останува на првото место, но кога станува збор за лесните автомобили и автобусите, Renault-Nissan-Mitsubishi одново е победник.

За што точно станува збор?

Renault SA, Nissan Motor и Mitsubishi Motors имаат продадено 10,76 милиона патнички автомобили и автобуси во 2018 година. Оваа информација доаѓа од агенцијата Reuters после обработување на податоците објавени од компаниите. Француско-јапонската групација не продава тешкотоварни камиони.

Nissan објави 5,65 милиони продадени автомобили за минатата година, а во овие бројки влегуваат и автомобилите на Infiniti и Datsun. Тоа е опаѓање за 2,8% во споредба со резултатите од 2017 година. Mitsubishi отчита пораст од 18% на продажбите до 1,22 милиони автомобили, додека Renault има продадено 3,88 милиона продадени возила и пораст од 3,2% Во резултатот на француската компанија се вклучени продажбите на брендовите Dacia, Samsung, Alpine и Lada.

Кај Volkswagen продажбите се рекордни и се 10,83 милиони, додека порастот е 0,9%. Тука влегуваат и продажбите на тешкотоварните MAN и Scania, како и на товарните автомобили во Латинска Америка на Volkswagen. Без нив резултатот на VW Group е 10,6 милиони.

На третото место останува Toyota Motor со продадени 10,59 милиони возила, а тука влегуваат резултатите на Toyota и Lexus, како и на Daihatsu. Исто така и на производителите на лесни и тешки камиони Hino Motors. Без продажбите на Hino, резултатот на Toyota ќе биде 10,39 милиона автомобили. За 2019 година прогнозата на Toyota е за лесен пораст до 10,76 милиона продадени возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK