Нов план на ЕУ околу забраната на моторите со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

По спротивставувањето на Германија на претходното решение, Европската комисија предложи да се дозволи продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување по 2035 година, доколку тие се климатски неутрални е-горива, покажа документот што агенцијата Ројтерс ја имале на увид.

Комисијата предложила таквите возила да бидат меѓу дозволените од 2035 година, под услов новите технолошки решенија да го спречат нивното возење доколку користат горива различни од еколошките, произлегува од предлогот на Комисијата до германското Министерство за транспорт.

Министерството во понеделникот соопшти дека разговорите со Комисијата за планираната забрана за нови мотори со внатрешно согорување од 2035 година напредуваат, но дека не може да каже кога ќе биде постигнат договор.

По неколкумесечни преговори, Европскиот парламент, Европската комисија и земјите-членки на Европската унија минатата година се согласија на закон со кој ќе биде невозможно да се продаваат автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

Сепак, Германија го објави своето противење во последен момент овој месец, барајќи да им се дозволи на новите автомобили со мотори со внатрешно согорување да се продаваат по тој датум доколку се напојуваат со е-горива.

Францускиот министер за европски прашања го отфрли германското противење на законот со кој се бара новите автомобили што се продаваат во ЕУ да имаат нулта емисија на штетни гасови од 2035 година, и рече дека треба да се одржи претходниот договор.

Комисијата има малку простор за маневрирање за да постигне договор, бидејќи Европскиот парламент рече дека нема повторно да го отвори конечниот текст договорен минатата година. А има уште многу малку време до европските избори следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK