Нов француски концепт – Peugeot Instinct

ОБЈАВЕНО НА:

Пред официјалната промоција на саемот во Женева, од Peugeot стигнува потврдата за нов концепт наречен Instinct. Засега како дизајнерска студија, но сепак најавува некои новитети што треба да се видат наскоро во некои од сериските модели на француската марка.

Засега нема најава колку од напредната технологија од овој концепт ќе стигне во сериските модели, како што е на пример наследникот на 508, и кога ќе биде тоа. Сепак ова покажува дека во компанијата вредно се работи на целосно нова генерација на автомобили. Засега нема информации за погонскиот агрегат на концептот, но се претпоставува дека се работи за целосно електрично возило.

Peugeot Instinct е визија на компанијата за искуство со автономно возење додека истовремено се потенцира посветеноста на брендот за уживање во возењето. Концептот е дизајниран со една идеја – слобода. Слобода да се избере начинот на живот, слобода на движењето, но и слобода во превозот. Новиот концепт на Peugeot ги исполнува желбите и потребите на своите корисници.

Со Peugeot Instinct еден автомобил првпат доаѓа со функционален I.o.T платформа, Samsung ARTIKTM Cloud што го поврзува автомобилот со cloud решенија за корисникот.

Најинтересно е што Peugeot Instinct концептот нуди четири начини на движење и тоа: два активни начини (Drive Boost и Drive Relax) и два начини на автономно возење (Autonomous Sharp и Autonomous Soft).

Новост е и Peugeot responsive -Cocpit кој во целост го реинтерпретира патничкиот простор за да се задоволат потребите на возилото без возач. Опкружувањето може да се конфигурира претходно, за време и по употребата, и целосно да се прилагоди на желбите и потребите на корисникот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK