Корејска Kia на саемот во Женева претстави нов 7-степен менувач со двојна спојка (DCT) што ги покажува насоките на идните менувачи на овој производител. Ова е прв ваков менувач на Kia, направен да овозможи подобро искористување на горивото и истовремено да понуди подобри перформански и спортско чувство при возењето.
Овој менувач е осмислен како ефикасна замена за постоечкиот 6 степен автоматски менувач што сега го има Kia. Новиот DCT ка комбинира предноста на рачниот и автоматски менувач истовремено нудејќи брз пренос на брзината.
При развојот на новиот менувач целта на инженерите била намалување на потрошувачката за 7 отсто и подобрување на забрзувањето за 5 отсто во однос на 6 степениот DCT менувач.
Едно од клучните подрачја во развојот било и намалување на бучавата и вибрациите што е постигнато со надворешен носач на менувачот што овозможува лесно менување на брзините. DCT се состои од две спојки, а секое е во пар со електрично управуван механизам на активирање на спојката со цел подобрување на искористеноста на горивото, и со парни или непарни степени на пренос. Тоа овозможува секвенционално делување или директно прескокнување на една од 7-те брзини во зависност од желбата на возачот.
Со таквото делување DCT го намалува губењето на вртежнио тмомент во текот на менување на брзините.