Nissan си оди од Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Шокантна вест! Јапонскиот производител Nissan ја напушта Европа, пренесуваат некои од медиумите на “Стариот континент”.

Според пишувањата, Nissan има за цел да се посвети на паарот во САД каде генерира значајна продажба како и во Кина и Јапонија. Оваа одлука неофицијално била донесена на последниот состанок на раководството на компанијата.

Nissan во Европа е присутен со SUV моделите Juke, Qashqai и X-Trail како и моделите Leaf и Micra, располага со фабрика во Сандерленд (Англија), а продажбата, особено на SUV моделите е повеќе од солидна. Оттука не е јасно која е точната причина за евентуално заминување на Nissan од Европа.

Оваа вест засега никој од раководството на компаниајта ниту ја потврдува ниту ја демантира. Единствено претставник на Nissan UK излезе со изјава дека такво нешто нема да се случи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK