Јапонскиот производител Nissan со објава на кратки видео тизери соопшти дека премиерите на новите Armada и Kicks ќе се случат на 8 декември годинава.
Светската премиера на Kicks се случи во јуни годинава, а сега на пазарот ќе биде претставен фејслифт моделот кој ќе биде наменет само за одредени пазари каде што нема да биде присутно претходно претставената верзија.
Дизајнот ќе биде речиси идентичен, со изменети технички карактеристики и нова мотористика.
Armada доаѓа со фејслифт изведбата која треба да ја освежи втората генерација претставена 2017 година.
За разлика од Kicks кој во понудата ќе биде достапен со повеќе мотори и електричен погон, Armada доаѓа исклучиво со 5,6 литарскиот V8 мотор кој продуцира максимални 390 КС.
Цените засега остануваат непознати како и останатите технички карактеристики.