Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Со оваа одлука малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 денари, а пак на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува со истата цена од 53,00 денари по литар, утврдена со одлуката на 20-ти јули.