Најпродаваните брендови и модели во јули 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци објавени од JATO Dynamics, покажаа ека продажбата на новите автомобили во Европа за јули достигнала ниво од 1,31 милион единици што е најдоброто постигнување за овој месец од 2009 година досега.

Најпродаваниот бренд на автомобили на европскиот пазар во јули беше Volkswagen, а реализацијата има пораст од 28 проценти до ниво од 166.577 возила. На 2. место со подобрување од 20% е Renault, додека после нив следува Audi со пораст од 15% односно 79.438 возила.

Во Топ 10 на најпродаваните возила во Европа во изминатиот месец исто така влагаат и Ford (78 400), Peugeot (76 605), Opel/Vauxhall (68 089), Mercedes (64 201), Fiat (60 713), Skoda (58 904) и Toyota (58 177).

Кај моделите, со најдобра реализација за јули може да се пофали Volkswagen Golf (39 311), а во Топ 10 влегуваат уште и VW Polo (27 624), Renault Clio (26 494), VW Tiguan (22 397), Nissan Qashqai (21 647), Ford Fiesta (20 733), Toyota Yaris (18 522), Renault Captur (17 897), Skoda Octavia (17 843) и Peugeot 3008 (17 231).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK