Најпродаваниот јапонски автомобил во Германија е … Mitsubishi Space Star

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот силно го погоди пазарот на нови автомобили, а оттука тектонски промени значително влијаеа врз продажбата на нови автомобили. Откако Tesla Model 3 се искачи на врвот најпродаван автомобил во Велика Британија, многу поголемо изненадување се случи во Германија.

Во оваа земја на листата најпродавани јапонски автомобили, на првата позиција не се најде модел ниту на Toyota, ниту на Nissan и Honda. На првата позиција се најде моделот на Mitsubishi, Space Star.

Иако продажбата се намали за 44% во овие кризни месеци, сепак со месечна продажба од 1.155 во минатиот месец односно 6.238 во првите четири месеци од годинава, овој автомобил се најде на првата позиција.

Голема улога во овој продажен резултат одигра и продажната цена. Во Германија изминатиот период, но и периодот што следи овој автомобил е на супер попуст и се продава за само 7.450 евра со релативно богата опрема.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK