Најавенa новaтa BMW серија 8 (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Германците уште лани потврдија дека се подготвуваат за враќање на серија 8, а сега ги објавија и официјалните фотографии и видеа на концептот што ќе биде промовиран на Concorso d’Eleganza Villa d’Este што ќе трае до 29 мај.

При регистрирање на новите верзии Баварците најавија дека ќе има модели со ознаките: BMW 825, 830, 835, 845, 850, M850 и M8. Станува збор за стилски модел со две врати и 2+2 седишта

Концепт возилото е купе со големи 21 инчни алуминиумски тркала, единствена Barcelona Grey Liquid боја, остри ласерски предни светла, впечатливи отвори за воздух, мускулести делови околу тркалата, багажник со интегриран заден спојлер, трапезоидна издувна цевка, спортско луксузна внатрешност каде има кожни седишта, детали од алуминиум и јаглеродни влакна, iDrive контролер со сваровски стакла..

Според најавите серија 8 треба да се појави следната година, и ќе се базира на CLAR платформата и ќе биде достапна во Coupe и Cabrio верзии, како и Gran Coupe. Производителот најавува дека новата серија 8 ќе биде најлесна во класата, благодарение на употребата на алуминиум, магнезиум и јаглеродни влакна.

Од моторите што треба да се вградуваат треба да се очекува и V8 твин турбо, а можеби дури и 6,6 литарски V12.
Најсилната верзија М8 треба да има 4,4 литарски твин турбо V8 со повеќе од 600 КС. Инсајдерските информации велат дека ќе забрзува до 100 км/ч. за помалку од четири секунди. Ќе се нуди со погон на четири тркала, 8-степен ZF автоматски менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK