Банките не се единствената мета на развојниците. Во САД, поточно градот Шарлот во Северна Каролина се случи невообичаена кражба.
Разбојник чиј идентитет не е откриен во јавноста влегол во авто салон при што заканувајќи се со оружје успеал да украде Maserati GranTurismo чија пазарна вредност изнесува речиси 32 илјади американски долари.
Тој им се заканил на вработените дека ќе пука, а потоа им побарал да му дадат клучеви од автомобилот. Тие без размислување го сториле тоа по што избегал во непознат правец.
Сепак вработените успеале навреме да повикаат полиција, а локалниот шериф изјави дека за кратко разбојникот бил совладан.