Мистеријата е откриена: Ете зошто канистрите за бензин имаат три рачки

ОБЈАВЕНО НА:

Според историчарите добро познатите канистри за гориво се појавиле во современиот вид благодарение на Вермахтот. Дизајнот е oд 1937 година и претставува метален контејнер со две рачки. Сепак, прашањето е зошто денешните канистри имаат по три?

На почетокот на 30-тите години на минатиот век германската армија имала загуби на гориво до 40% поради неквалитетна амбалажа. Во тоа време бензинот се чувал во големи буриња, а од нив се сипувало во 20-литарски лименки.

Поради застарените контејнери често се случувале пожари. Бурињата се многу неудобни за превоз и користење и во 1935 година Вермахот објавува конкурс за создавање на нов сад за автомобилско гориво. Проектот кој победува на изборот бил на В. Грјунфогел. Новиот тип на контејнер влегува во сериско производство во 1939 година и брзо се се шири во домашната сфера. Кон крајот на Втората светска војна, 20-литарската туба станува популарна и низ целиот свет. Се појавуваат и модификации со капацитет од 5 и од 10 литри.

Германските производители додаваат и трета рачка, која го прави преносот поудобен. Средната  рачка е доколку некој сам го носи канистерот, додека двете рачки од страна дозволуваат полесно носење односно можност двајца да го транспортираат. Трите рачки имаат и друга предност. Двајцата можат да носат три полни туби, а сам човек две празни во секоја рака. Самата форма на канистрите го упростува транспортот и редењето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK