Амблематичниот автомомбил на производителот од островот, MG објави дека за време на саемот Shanghai Auto Show во текот на овој месец ќе го покаже футуристичкиот концепциски развој со целосно електричен погон под името Cyberster.
MG Cyberster е дело на екипата на MG Advanced Design Centre во Лондон и претставува спортски автомобил двосед со две врати.
За него од компанијата велат дека позајмува многу стилски решенија од легендарниот MGB Roadster, но и ред на високотехнолошки елементи, вклучувајќи го и долниот дел од диоднта лента на автомобилите.
„Cyberster е смела демонстрација која гледа самоуверено кон иднината на MG, допирајќи се до нашето наследство, но уште поважно, надградувајќи го нашето лидерско технолошко ниво и модерен дизајн“, вели Карл Готам, директор на SAIC Design Advanced London.
Без да навлегуваат во детали од MG коментираат дека целосно електричиот погон на Cyberster е во состојба да понуди можност за поминување на 800 километри со едно полнење на батеријата.
Автомобилот ќе може да забрза од 0 до 100 км/ч за помалку од три секунди.