MG Cyberster ќе дебитира на Goodwood Festival of Speed во јули

ОБЈАВЕНО НА:

MG Motor објави дека за време на овогодинешното издание на Goodwood Festival of Speed, што ќе се одржи од 13 до 16 јули во В.Британија, ќе има и прво појавување во јавноста на сериската верзија на електричниот кабриолет со две седишта – Cyberster. Почетокот на продажбата на моделот ќе биде следната есен, во 2024 година.

„Возбудени сме што се враќаме на Фестивалот на брзината со светска премиера“, коментира Гај Пигунакис, комерцијален директор на MG Motor UK. „Cyberster го означува долгоочекуваното враќање на MG во производството на спортски автомобили и ние сме подготвени да споделиме како изгледа возбудливата иднина со овој спортски и технолошки електричен автомобил. Планирани се уште две премиери за да се демонстрира желбата на MG да создаде електрични автомобили што возбудуваат.“ .

По секоја веројатност, двоседот Cyberster ќе биде лансиран на пазарот во две основни верзии – со погон на две и четири тркала, а цената на електричниот автомобил се очекува да биде околу 55.000-65.000 британски фунти.

MG Cyberster ќе дебитира на Goodwood Festival

Без да навлегува во детали за своите две други премиери на Фестивалот на брзина во Гудвуд 2023 година, MG Motor објави дека едната од нив ќе биде од електричен спортски автомобил што ќе се најде во продажба летото оваа година, а другата е прототип и познат моментално со кодно име EX4.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK