Се појавија „свежи “- најнови тизер слики за „Малиот Baby “ - G Class на гигантот од Штутгарт ...
Mercedes G-Class е вистинска икона во огромната постава на Mercedes-Benz. Toa пак нè тера да се запрашаме зошто производителот на автомобили со седиште во Штутгарт допрва треба да ја искористи моќта на брендот на off-roader со лансирање на деривати.
Имаше специјални изданија како Maybach G650 Landaulet, 4×4 Squared и во изведба 6×6 (со три оски и со погон на шест тркала), но не и постојани дополнувања на поставата.
Конечно, се случува помала и веројатно поевтина алтернатива на теренецот од кога и да е досега.
Tоа ќе биде дел од она што компанијата го нарекува „најголема кампања за лансирање производ досега“. Во соопштението за медиумите објавено оваа недела, германскиот луксузен бренд вети дека „легендарното семејство од G- Class ќе биде проширено со нова помала верзија“.
Во новиот тизер, g (напишано со мали букви) се појавува целосно покриено на дното на пирамидата од G – Class понудата.
Не е првпат да слушаме за намалена варијанта. Mercedes објави дизајнерска скица на она што извршниот директор на компанијата Ола Калениус го нарече „Малиот G“ (Little G ) во септември 2023 година на саемот IAA во Минхен. За време на настанот, главниот „ шеф “ на компанијата го нарече „син или ќерка на иконскиот Big G“. Ниту оригиналниот тизер на теренец со форма на кутија не откри ништо.
Mercedes останува цврсто отворен во врска со „изданокот “- на G – Class, иако моделот првпат беше најавен пред околу една и пол година.
Најзначајното парче од сложувалката што ни недостасува не е нужно дизајнот, туку колку Little G 9 или како некој други го нарекуваат Baby – G) ќе сподели во однос на хардверот со полно – масниот Geländewagen.
Дали ќе има платформа тело-на-рамка или ќе биде unibody? Во секој случај, мора да има вистински off-road рифови за да ја дочека славата на G- Class.
Пред две години, германскиот деловен весник Handelsblatt објави дека ситната (малата) G- Class ќе биде механички поврзана со следната генерација на CLA моделот, чија премиера ќе биде веќе следниот месец. Ако е тоа точно, тогаш малиот „g “- нема да има рамка за скали, што сигурно би ги вознемирило пуристите.
Претпоставувајќи дека е поврзано со „бебешкиот седан “-на Mercedes, би требало да се очекува целосно електрична верзија, на која потенцијално ќе се придружи благ (mild ) хибриден погон базиран на нов 1,5-литарски бензински мотор со четири цилиндри.
Исто така ѕреба да истакнеме дека Mercedes – Benz има поголема риба за пржење, па затоа малиот „ g “, можеби ќе треба да малку и да почека.
Имено, покрај новиот CLA, обновеното семејство на компактни автомобили ќе вклучува и замени за изведбите CLA Shooting Brake, како и за GLA/EQA и GLB/EQB моделите.
Напредно во портфолиото на автомобилскиот премиум гигант од Штутгарт, доаѓаат електрични верзии на моделите C-Class, E-Class и GLC. Во тоаа низа на надополнувања и подновивања треба да се „нареди “ и S-Class што би требало, според најавеното, да добие „голема надградба“ во текот на наредната 2026 година, а додека, пак AMG перформанс дивизијата на германскиот премиум производител има пар електрични возила развиени целосно во куќата.
Навистина не очекуваат големи промени во понудата на Mercedes – Benz, но сепак би сакале во оваа низа што поскоро да се појави и изданието на Little –g, односно „ Baby G – Class“, на радост не само на поклониците на робусните off-road возила, туку на сите вљубеници во автомобилите

Следете не и на:

