Mercedes-Benz отвори салон за автомобили за деца (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Интересен потег на германскиот производител Mercedes-Benz – отвори салон за автомобили наменет за деца.

Во сојузната американска држава Пенсилванија дилерот на автомобилите на Mercedes-Benz отвори специјализиран салон во кој децата сега конечно имаат можност да уживаат во изборот на својот прв автомобил.

Во салонот се прикажани сите автомобили од моменталната понуда на Mercedes-Benz во мали размери. При тоа децата имаат можност да добијат стручни совети при изборот, но и да уживаат во додатни активности како цртање и слично.

Што се однесува до техничките карактеристики на автомобилите тие користат батерии и максималната брзина изнесува 6 км/ч.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK