Mazda Motor Corporation ги објави годишните продажни и финансиски резултати. При тоа за една година, јапонскиот поризводител успеа да испорача 1.287.000 возила на глобално ниво.
Како и претходните години, најголеми пазари за Mazda остануваат северноамериканскиот и кинескиот каде има зголемување на продажбата за 2% во Северна Америка односно 8% во Кина. На домашниот, јапонски пазар испорачани се 176 илјади примероци што претставува пад од 13%.
Претворено во пари, Mazda оствари приход од 23,2 милијарди евра што влијаеше врз позитивната оперативна добивка од 71 милион евра, но и покрај тоа, остварена е нето-загуба од 255,6 милиони евра.
Аналитичарите очекуваат за оваа година Mazda да испорача 1.410.000 примероци на што влијание ќе има надминувањето на коронакризата во многу земји.