Mazda со 13 електрични автомобили до 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Претходните години Mazda остана во сенка на неколку други производители кои со голема пропаганда ја најавуваа својата иднина во светот на електричните автомобили. Сега од Токио и Mazda ја најави својата иднина со 13 електрични возила кои ќе ги претстави до 2025 година.

Од оваа бројка три возила ќе бидат целосно хибридни, пет со plug-in хибриден погон и три целосно електрични, а првите ќе бидат претставени на стартот на следната година.

При тоа најголем фокус ќе бидат пазарите во Европа, Јапонија, САД, Кина и земјите од АСЕАН (Брунеј, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам). Mazda веќе има подготвено платформа која ќе ја користи за овие модели, а во поглед на технологијата истата е развиена од страна на Mazda и Denso.

За потсетување, од минатата година овој јапонски производител го произведува моделот MX-30 кој е достапен на хибриден и електричен погон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK