Mazda CX-8 со три реда седишта

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на крајот на април Mazda го најави новиот SUV, CX-8 и покажа како ќе изгледа внатрешноста на возилото, сега од компанијата ја понудија и првата слика на надворешноста на возилото, што ќе биде пуштено во продажба во Јапонија годинава.

Mazda CX-8, кој е првиот автомобил од новата генерација на брендот со три реда седишта во внатрешноста, е со основни димензии од: должина 4900 мм, ширина 1840 мм и височина 1730 мм, а меѓуоскиното растојание е 2930 мм.

Новиот SUV на Mazda ќе дебитира на јапонскиот пазар со 2.2 литарски SKYACTIV-D дизел мотор, комбиниран со шест-брзински автоматски менувач SKYACTIV-DRIVE.

Од Mazda велат дека CX-8 ќе биде најлуксузната понуда на брендот во Јапонија, и ќе има можност за превозува до седум лица, а удобност ќе имаат дури и двајцата возрасни на третиот ред седишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK