Македонски „еден-два“ на Гробник: Блажевски победник – Малинковски втор на Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Првпат македонски возач триумфира на трка од Twingo Cup, откако Марко Блажевски во својот четврти настап сезонава успеа да победи во конкуренција на 32 возачи. Давид Малинковски заврши на целта како второпласиран што исто така е негов најдобар пласман сезонава во генерелен пласман во Twingo Cup.

Иако стартуваа од 4 ред, како седмопласирани осмопласиран, двајцата македонски возачи одлично се држеа до самиот крај, меѓусебно си помагаа во клучните моменти, и во последниот решавачки круг се одбранија од налетот на Унгарецот Лантос.
Во текот на целата трка Блажевски и Малинковски беа меѓу најдобрите 8, а Блажевски беше пред Малинковски.

Нашиот возач Малинковски во 6 круг првпат го презеде водството, а во 9. и 10. круг дојде до скокот на Блажевски кој прво беше второпласиран, потоа се искачи на врвот и таму остана во последните три круга.

На две минути до крај од групата од 7 возачи, з амомент излетаа Лука Глазер и Рок Церар, што за момент им ја олесни работат на Блажевски и Малинковски. Во последните свиоци Лантос о Ивануша имаа последни обиди да избијат на врвот, но Малинковски одлично ги одби нападот на Унгарецот.

Малинковски ја обезбеди титулата во првенството на Македонија уште вчера откако беше втор најдобропласиран македонски возач, зад победникот Блажевски.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK