Македонија: Пораст на увозот на автомобили за 440%

ОБЈАВЕНО НА:

Точно за 440% е зголемен увозот на возила во април годинава споредбено со истиот месец минатата година. Официјалните податоци на Царинската Управа на Република Македонија покажуваат дека претходниот месец се увезени 4.057 возила.

И натаму очекувано доминираат половните патнички автомобили чија бројка достигна 3.234 што е далеку повеќе од новите чија бројка изнесува 450 и е пад во споредба со март кога беа увезени 531 нови патнички возила.

Увезени се и 111 нови товарни моторни возила и 252 користени товарни моторни возила. Увезени се и 10 автобуси и минибуси, сите користени.

Од почетокот на годината па до крајот на април увезени се вкупно 1.798 нови патнички автомобили и 11.681 половни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK