Јувентус е далеку од препознатливата форма сезонава. Шансите да се пласира во Лигата на Шампиони се мали, а со тоа следната сезона ќе остане без околу 100 милиони евра. Очигледно тоа и да не го вознемирува толку Кристијано Роналдо, но и раководството на клубот.
Португалецот во придружба на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, но и претседателот на Stellantis, Џон Елкан, кој воедно е братучед на Андреа Ањели и дел од бордот на директори на Јувентус, ја посетија фабриката на Ferrari во Маранело.
При тоа, оваа шанса ја искористи Кристијано Роналдо за шопинг. Тој потроши 1,6 милиони евра и се поднови со Ferrari Monza, Се работи за ограничена серија од овој автомобил кој е рачно изработен, а кој може да се купи исклучиво со покана од производителот.
Оттука и висината на цената на овој автомобил која во споредба со годишната плата на Кристијано Роналдо во Јувентус изнесува околу 10%, несметајќи ги дополнителните бонуси.

Следете не и на:

