Германските градови заработуваат милиони евра од камерите за мерење на брзината на улиците

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата не може секогаш да биде на местата каде возачите притискаат на педалот на гаста, но затоа има поставено многу камери кои го следат сообраќајот и ги „фаќаат“ оние што возат брзо. А тоа носи дополнителен приход, која оди во градската каса. Износот што го заработуваат градовите и не е така мал.

На прашањето на Германската адвокатска комора (ДАВ), германските градови одговориле колку заработиле од камерите за мерење на брзина во 2020 година.

На врвот е Хамбург, каде камерите за мерење на брзината и следење на поминувањето на црвено светло на семафорите за една година донела заработилка од 17,1 милиони евра.

Дури десет градови ја минаа границата од милион евра. Некои градови не одговориле на прашањато, но во рекапитулациите на нивните буџетски приходи се гледаат и овие податоци. Така, Келн во 2019 година заработил 17,6 милиони евра од сообраќајни камери, а Лајпциг 11,6 милиони.

Кај нас има по улиците има поставено многу камери, но тие засега не им носат казни на оние што возат брзо или минуваат на црвено. Ако се следи примерот на Германија, веројатно нашиот центар треба побрзо да проработи и така д аго полни градскиот буџет. А и ќе има помалку дивеење по улиците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK