Mercedes конечно ја реши најголемата дилема во Ф1 - Луис Хамилтон ќе продолжи да се трка
По многуте недели молк конечно е решена најголемата енигма во Формула 1, па и оваа година на патеките ќе го гледаме Британецот Луис Хамилтон. Откако во драматична трка во последниот круг ја загуби титулата на трката во Абу Даби, возачот на Mercedes се изгуби од очите на јавноста. Постоеа вести дека можеби Хамилтон ќе се повлече и ќе се пензионира.
Никој, па дури ни шефот на тимот, Тото Волф изјави дека не може да гарантира дека Хамилтон ќе го продолжи натпреварувањето. Но, радосна вест стигна од страна на германскиот тим кој потврди дека Хамилтон се враќа во болидот и на патеката.
View this post on Instagram
Тој уште на почетокот на 2021 година потпиша договор со Mercedes до крајот на 2023. Откако лани не успеа, ова ќе биде уште една шанса за Хамилтон да стигне до рекордната осма титула.