Луфтханза од 23 април со летови од Скопје до Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Германската авиокомпанија Луфтханза се враќа во Македонија по пауза од 20 години и од 23 април идната година ќе лета од Скопје за Франкфурт 10 пати неделно. Луфтханза денеска соопшти дека отвора четири нови летови од Франкфурт, меѓу нив и Скопје.

Летовите ќе почнат на 23 април и ќе се вршат до два пати на ден за вкупно десет неделни ротации. Новата услуга отвора многу врски преку Франкфурт. Авионите со три од неделните вечерни летови до Скопје ќе преноќуваат во главниот град на Македонија за да овозможат рано наутро да полетаат за Франкфурт.

Досега Луфтханза беше присутна на македонскиот пазар преку својот партнер во групацијата Аустриан ерлајнс, кој е втор најпрометен авиопревозник во Скопје за трансфери, по Туркиш ерлајнс.

Картите за летовите Скопје-Франкфурт со можност за конекции на над 200 дестинации низ светот се веќе во резервациониот систем на Луфтханза.

За Франкфурт од Скопје лета и нискобуџетната унгарска компанија Визер, но e до аеродромот Франкфурт-Хан, кој е 120 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK