Летечка Tesla за пет години?

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од оние кои му „веруваат“ на Елон Маск му постави прашање на Twitter кое е поврзано со намерата на Tesla да прави електрични авиони. Маск му одговори дека има идеја, но таков авион би можел да се појави најрано за пет години.

Проблемот во моментов е во тоа што автономниот лет на слични траспортни возила е доста ограничен. Маск смета дека за неколку години ќе се појават батерии со густина од 400 Вт/кг, што според него е точка за пресек меѓу керозин и струја во воздухот.

Надминувањето на оваа граница ќе доведе до појава на електрични авиони, кои целосно ќе ги заменат постоечките. Конкретен одговор на тоа дали Tesla ќе прави такви авиони не беше даден од Маск.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK