Лет на првиот кинески летечки автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

„Летечки“ автомобил, изграден од кинескиот производител на електрични возила Xpeng, го изведе својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати како дел од програмата на компанијата за лансирање на својот производ на меѓународните пазари.

X2 е авион со вертикално полетување и слетување (eVTOL) со две седишта што се крева со осум пропелери – по два на секој агол од возилото. Максималната брзина ќе биде 130 км/ч.

Првиот лет траел 90 минути и притоа немало екипаж во возилото. Истовремено не биле испуштени никакви штетни гасови. На првата промоција биле присутни околу 150 луѓе.

„Се движиме кон меѓународниот пазар чекор по чекор“, рече Мингуан Киу, генерален менаџер за Xpeng Aeroht. „Го избравме градот Дубаи за првиот лет бидејќи Дубаи е најиновативниот град во светот“, објасни тој.

Според него, следните модели ќе имаа и тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK