Lancia Delta HF продадена за рекордна сума

ОБЈАВЕНО НА:

Lancia Delta HF Integrale се уште е неприкосновениот спортски автомобил. Овој најпопуларен италијански спортист на сите времиња додека се уште чека свој наследник руши рекорди во поглед на цената на продажба. На организирана аукција од страна на Silverstone Auctions овој модел беше продаден за 252.989 евра.

Причината за оваа релативно висока цена е малата километража од само 5.400 километри. Под хаубата доаѓа со реткиот 2,0 литарски мотор со 211 КС и пет степен менувач.

Историски гледано, првиот модел Delta се појави во 1979 година. Дизајнот е дело на Џорџето Џуџаро. Втората генерација беше лансирана во 1993 година, а дизајнот беше дело на Еркол Спада.

Последната трета генерација се појави во 2008 година, но поради кризата во која се најде FIAT Групацијата, но и спојувањето со Chrysler, не забележа посебни успеси.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK