Кризата со чипови ја чини автоиндустријата околу 180 милијарди евра годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Кризата со полупроводници го блокираше целиот синџир на снабдување при производство на автомобили речиси една година, и никој не може да предвиди кога кризата ќе заврши. Тоа предизвикува огромни тешкотии за производителите и за дилерите, кои не се во состојба да ги исполнат барањата на клиентите.

Една нова студија ги дава димензиите на оваа криза за автомобилскиот свет: според податоците собрани од „Аликспартнери“, кризата може да доведе до вкупни загуби од 210 милијарди долари (или околу 180 милијарди евра) годишно.

Студијата покажува дека недостатокот на полупроводници е само дел од проблемот. Други фактори, како што е високата цена на суровините, исто така, влијаат врз производството. Челикот и пластиката достигнаа надреални цени, што неизбежно доведе до зголемени трошоци за брендовите.

Ова може да се претвори во загуба на околу 7,7 милиони возила само во 2021 година. Овие бројки се полоши од оние од претходната анализа на „Аликспартнерс“, која, во мај минатата година, проценуваше загуби од 110 милијарди долари (околу 94 милијарди евра) и 3,9 милиони возила.

Навистина, спротивно на претпоставките (и надежите) на некои производители, малку е веројатно дека кризата ќе заврши во 2021 година. Во моментов потребни се приближно 21 недела за да ги добиете полупроводниците по нарачка, така што многу брендови ги туркаат своите нарачки многу понапред, предвидувајќи барања од 40 до 50 недели.

Производните линии мора да се прилагодат на кризата, и како што открива Automotive News Europe, VW на пример, ќе го намали производството на својот Golf со тоа што работат линиите за производство само четири дена во неделата. Кај други модели како што се Touran, Tiguan или Seat Tarraco, производството е привремено прекинато.

Дилерите исто така се загрижени и може да видат дека нивните залихи беа и се ограничени во текот на 2022 година, па дури и за во првите месеци од годината 2023 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK