Кризата ги полни сервисните паркинзи со расипани возила

ОБЈАВЕНО НА:

Кризата со чипови и ланецот на снабдување со резервни делови е проблем за секој производител на автомобили. За нов автомобил се чека со недели и месеци, некои производители го намалуваат драстично производството, некои дури и го прекинуваат на одредени време. Немањето на потребните делови ги полнат паркинзите на фабриките со нецелсоно изработени возила.

Но проблеми има и доколку вашиот автомобил треба во сервис да замени некој дел. Поради кризата и сервисите не се во можност да ги набават потребните делови за замена

Многу сервиси почнуваат да се жалат дека не можат да најдат делови за автомобилите што ги поправаат, а проблемот изгледа се влошува. Слично како кризата со новите автомобили, деловите се ограничени, испораките доцнат, што пак ги „врзува“ рацете и на мајсторите.

Нивните паркинзи полека се полнат со автомобили кои чекаат на поправка. Дел од нив велат дека од два до три месеци чекаат делови кои пред извесно време биле обезбедени во рок од неколку минути. За жал, проблемот најверојатно ќе продолжи и во наредните месеци и ќе продолжи в година.

Сега изгледа најдобро е да се молите да не ви се расипе автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK