Кризата ги качи Европјаните на мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Во првата половина од 2019 година продажбите на новите автомобили во Европа доживеаја пад од 3,1 проценти. На сметка на тоа во истото време се зголеми пазарот на мотоцикли и мотопеди на Стартиот континент и тоа за 9,1%.

Според шефот на најголемиот производител на големи мотоцикли во Европа, КТМ, Штефан Пирер, кризата принудила сè повеќе лица да ги заменат лесните автомобили со мотори. Тоа се должело на фактот дека автомобилите сè помалку ги привлекуваат младите, а голем дел од нив не можеле и да си ги дозволат.

Производителот на скутери и мотопеди од Италија, Vespa објави пораст од 5,9% на продажбите за првите шест месеци, а BMW – 7.3%. Најголемиот скок е направен кај електричните мотоцикли од кои во првите шест месеци на 2019 година се проддени 34.000 примероци (+77%). Од КТМ сметаат дека ќе успеат да стигнат до реализација на продадени 65.000 електромотори до крајот на годината, а во 2021 година ќе ја надминат границата од 100.000 мотоцикли.

Во апсолутните бројки излегува дека пазарот на превозните средства на две тркала останува далеку зад автомобилскиот. Во пвата половина од годината во Европа се продадени 15,1 милиони  автомобили спроти 1 милион мотоцикли и мотопеди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK