Првата ѕвезда на Јувентус од Торино, Кристијано Роналдо се пофали со нов автомобил со што само ја зголеми и онака богатата колекција на возила. Фудбалерот на својот профил на истаграм објави фотографија со белиот Rolls-Royce Cullinan.
Првиот СУВ во историјата на британскиот бренд чини 450.000 евра во Италија. Иако се работи за неверојатно голема сума, сепак, се работи за смешна цена во однос на Bugatti Chiron и дел од другите автомобили кои фудбалерот ги има во својата елитна гаража.
Cullinan има 6.75-литарски 12-цилиндричен мотор со моќност од 571 коњска сила и максимален вртежен момент од 850 Нм. Возилото е со тежина од 2660 килограми, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 5.2 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.