Kорона вирусот и доставувачите во автоиндустријата

ОБЈАВЕНО НА:

Ситуацијата за автомобилските доставувачи не е воопшто лесна. Технолошките промени продолжуваат да вршат притисок на профитот бидејќи пандемијата на Ковид 19 дополнително ја засили спиралата надолу. Резултатите од „Глобалното проучување на доставувачите на автомобили за 2020 година“, кое Роланд Бергер го изготви во соработка со американската инвестициска банка Lazard, покажуваа колку пандемијата изврши силен удар на доставувачите во автомобилската индустрија.

За проучувањето беа анализирани показатели за извршување на околу 600 светски доставувачи. Во споредба со 2019 година глобалните продажби ќе паднат во просек со 15 до 20 проценти за оваа година. Маржата на оперативната заработувачка е падната за 1,7 проценти во првата половина на 2020 година.

„И покрај тешките денови, крајот на година ќе биде пријатен. Автомобилските доставувачи ќе можат да се стабилизираат на финансиски план благодарение на брзиот процес на пристигнувње во Кина. И покрај тоа, со продирањето на вирусот многу доставувачи имаат недостаток на капитал за неопходната технилошка трансформација“, вели Феликс Мор, кој е партнер на Роланд Бергер.

Како целост коронашокот ќе ја држи автомобилската индустрија уште долго време. Најголемит број на автомобили проадени низ светот од 2017 година (94,3 милиони) веројатно нема да биде достигнат одново дури до 2026 година. Закрепнувањето ќе одземе повеќе време во Европа и Северна Америка отколку во Кина и Јужна Америка кои ќе закрепнат далеку побрзо.

Сегашната состојба може најдобро да се спореди со финансиската криза во2008 и 2009 година. Во слендиот период некои доставувачи имаат заработено над просечното ниво.

„Идентификувавме вкупно четири карактеристики, кои беа решавачки за успехот во финансиската криза. Доставувачите можат да се ориентираат по ова прашање и да се позиционират на пазарот, користејќи јасни стратешки насоки“, вели Феликс Мор.

Технолошката промена и ефектите од пандемијата Ковид 19 ќе ја оптоварат маржата на автомобилските доставувачи во догледно време. Како резултат на тоа ќе се види поголема консолидација во индустријата. За да бидат меѓу победниците во оваа нова средина, доставувачите на автомобили ќе треба стратешки да го рзвиваат својот бизнис и значително да ги намалат трошоците.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK