Колку чини скијање зимава во Србија?

ОБЈАВЕНО НА:

Скијачите и оние што сакаат зимски спортови, многу често покрај македонските центри се почесто заминуваат и надвор од земјава, а меѓу дестинациите е секако и соседна Србија. Фирмата Скијалишта на Србија го објавија ценовникот за ски карти за сезоната 2021/2022. Едно од најпопуларните места за скијање во Србија е Копаоник Цените се изразени во српски динари (курсот е 117 динари за 1 евро).

Едно спуштање на Копаоник сезонава ќе ве чини 500 динари (околу 4,2 евра), а возење со гондола 1.100 динари (околу 9,4 евра). Ова се цени за „возрасни“ скијачи односно лица од 12 до 64 години. Скијање за помлади е 700-900 динари дневно.

Секако, има уште цела палета на пакети за различни услуги, а цените варираат во зависност од периодот што сте го одбрале за зимување. Билетите се најповолни во периодот од 15 ноември до 17 декември и од 26 март наваму, иако скијачите ќе ви објаснат дека ова не е најсреќниот период за скијање.

Следната категорија на билети се однесува за периодите од 18 до 24 декември, од 8 јануари до 11 февруари и од 19 февруари до 25 март.

Тогаш дневната ски карта за возрасни е 3.900 (околу 33 евра), ако во неа е вклучен и ноќниот билет, тогаш е 4.400 динари. Полудневен билет е 2.750 (важи од почеток на ски-центар до 13 часот или од 12.30 до завршување на работата на ски-центарот). Доколку планирате ски викенд, тридневната ски карта е 10.400 (околу 88 евра), додека за шест дена е 17.400 (околу 148 евра), за седум 19.300 (околу 164 евра), а за 10 дена 23.300 динари (околу 199 евра).

Очекувано, најскапи се „празничните“ периоди – од 25 декември до 7 јануари и од 12 до 18 февруари. Во тие периоди, полудневен билет ќе ве чини 3.100 динари, целодневен билет 4.300, а оној што вклучува ноќно возење – 4.700 динари.

Ќе треба да платите 11.100 за тридневна ски карта, 18.000 за шест дена и 24.200 за 10 дена.

Погледнете го целосниот ценовник за сите ски центри во Србија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK